Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека добил закани по животот непосредно по атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фиц.
Туск на платформата Х напиша дека вчера се случувале многу работи, а неговата објава содржи коментар објавен и на социјалната мрежа во кој се вели дека Словаците им дале пример на Полјаците што да прават со Туск доколку одлучи да не ја реализира инвестицијата на голем аеродром во централниот дел на земјата.
Полскиот веб-сајт Wp.pl денеска објави, повикувајќи се на извор од Државната служба за заштита, органот задолжен за заштита на важни личности во Полска, дека заштитата на Туск ќе биде зголемена по атентатот на Фицо, пренесуваат британските медиуми.
Врз Фицо вчера беше извршен атентат кога постар човек го застрела пет пати, по што премиерот беше опериран и сега е во стабилна состојба.
Атентатот врз Фицо предизвика бран од меѓународни осуди и повици за смирување на политичките тензии во Словачка.