Турција испраќа нова помош за Појасот Газа, јавуваат турските медиуми.

Помошта главно вклучува лекови и медицински материјали. Тие ќе бидат испратени во Египет со авиони на турските воздухопловни сили, од каде ќе бидат испорачани во Појасот Газа, информира државната телевизија ТРТ-Хабер.

Пакетите со помош се подготвени по наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Продолжуваме да допираме до луѓето од Појасот Газа. За испорака на помошта ќе бидат извршени вкупно четири летови“, се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.

Министерството информираше дека првиот авион денеска веќе заминал за Египет од воздухопловната база Етимесгут, Анкара.

Претходно, на 13 октомври беше испратен авион со хуманитарна помош собрана од турската хуманитарна организација ИХХ, Црвената полумесечина, Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).