И годинава на академското рангирање на светските универзитети, на т.н. Шангајска листа ( Shanghai Ranking Consultancy) меѓу првите илјада универзитети во светот нема ниту еден од Македонија. На врвот и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ). Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е највисокорангиран од македонските високобразовани институции, но од година во година со сѐ полош ранкинг – 2021 на 1.917 место, 2022 на 1.944 место и 2023 на 1.964 место.
Универзитетот во Загреб е рангиран од 401. и 500. место и е единствен хрватски универзитет кој се најде на листата.
Универзитетот во Љубљана е рангиран од 601-700. место и е единствена словенечка високообразовна институција на листата.
Ниеден друг универзитет од регионот не се најде на листата.
Најдобри 10 универзитети во светот според Шангајската листа
1. „Харвард“, САД
2. „Стенфорд“, САД
3. Технолошки институт во Масачусетс, САД
4. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
5. Универзитет на Калифорнија во Беркли, САД
6. „Принстон“, САД
7. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
8. „Колумбија“, САД
9. Технолошки институт во Калифорнија, САД
10. Универзитет во Чикаго, САД
Целосната листа пронајдете ја овде.
Извор: Shanghai ranking