Младо момче загина во сообраќајната несреќа што се случи час и половина по полноќ на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце во селото Љубинци. Повредени се три лица кои се пренесени во Општата болница во Куманово.

– На 14.08.2023 во 01:28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти денеска СВР Куманово.

Сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општата болница во Куманово.

Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.