Демократскиот сојуз ја честита победата на „Студентската листа“.
„Граѓаните на Србија се одлучија за промена на власта и таа нивна определба е за респект и почитување.
За Македонија е клучно да продолжат соработката и добрите политички и севкупни односи засновани на заемно почитување и разбирање.
Македонија имаше правилен став и не се вмеша на ниту било кој начин во вонредните парламентарни избори.
Изборите во Србија беа демократски и мирни и трансферот на власта треба да се одвива во истата насока“, соопшти Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















