Претпоследниот тест и за Милан и за Барселона пред стартот на новата сезона во Италија и Шпанија беше успешен за двете екипи. Соочувањето во Лас Вегас им припадна на фудбалерите на Чави, кои славеа со 0-1 (0-1).
Двата тренери се одлучија за шаренолиники состави и многу измени, а одлучувачки беше прекрасниот гол на Ансу Фати. Младиот шпанец голот го посвети на Осман Дембеле кој наскоро ќе си замине од Каталонија и ќе го облече дресот на ПСЖ.
Милан имаше свои шанси во вториот дел, но не успеа да го најде патот до мрежата на Ињаки Пења. Новата сезона во Италија и Шпанија почнува на 12-13 август. Милан гостува во Болоња, а Барса одбраната на титулата ќе ја почне во Мадрид против Гетафе.