ФИФА ќе им испалти 209 милиони долари на клубовите чии играчи се натпреваруваа на Светското првенство минатата година во Катар. Исплатата ќе биде извршена на 440 клубови од 51 земја чии играчи беа на турнирот во ноември и декември минатата година, кој го освои Аргентина.
ФИФА плаќа дневна сума од 10.950 долари на секој од 837 фудбалери кои беа во Катар, без разлика колку минути играле за време на турнирот. Вкупниот износ по играч се дели и се распределува на клубот или клубовите за кои играчот бил регистриран во две години пред финалето во Катар.
Тоа е зголемување од 8.530 долари што ФИФА ги плати по играч на Светското првенство во Русија 2018 година. Најмногу пари од клубовите ќе добие Манчестер Сити, 4.596.445 долари, следуваат Барселона (4.538.955 долари) и Баерн Минхен (4.331.809 долари).
Според договорот потпишан од ФИФА и Европската клупска асоцијација претходно оваа година, 355 милиони долари ќе бидат распределени на клубовите како дел од програмите на Светското првенство во 2026 и 2030 година.