Барселона го комплетираше трансферот на искусниот стопер од Атлетик Билбао, Иниго Мартинез.
Овој фудбалер ги помина лекарските прегледи, а по истекот на договорот со клубот на крајот на сезоната, тој ќе премине во Барселона. Фабрицио Романо потврди дека овој трансфер е веќе завршен и дека ќе биде потпишан двегодишен договор, а трансферот го побарал Чави.
Овој фудбалер во својата кариера настапуваше за Реал Сосиедад Б, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао каде настапува од 2018 година. Тој во Атлетик Билбао пристигна од Реал Сосиедад за 32 милиони евра, а во дресот на шпанската репрезентација забележа 20 настапи и постигна еден гол.