Алексис Мекалистер, аргентински репрезентативец и фудбалер на Брајтон е подготвен да го напушти клубот. Како што пренесуваат медиумите во Англија, 24. годишниот фудбалер ќе се пресели на северо-западот на Англија. За услугите на Мекалистер се заинтересирани двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити, но според информациите тој ќе се пресели во Ливерпул. Преговорите ги води неговиот татко Карлос. Англиските медиуми шпекулираат дека Мекалистер го известил Брајтон дека на лето ќе се пресели во Ливерпул.
Јирген Клоп планира да го обнови тимот во летниот преоден рок, Мекалистер е една од главните цели, откако клубот се повлече од преговорите со Џуд Белингем, кој се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид. Мекалистер оваа сезона постигна десет гола и забележа две асистенции за Брајтон. Синоќа го постигна единствениот гол во победата на Брајтон над Манчестер Jунајтед.
Брајтон има право автоматски да го продолжи договорот за уште една година, бидејќи неговиот сегашен е до 2024 година, но се верува дека понудата од околу 70 милиони фунти би била доволна тој да добие дозвола да го напушти „Амекс“ стадионот./Makfax/