Машката сениорска репрезентација на Македонија ја очекуваат два натпревари во рамките на квалификациите за ракометното Европско првенство.  Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот со 35 ракометари, од кој ќе крати за да го добие финалниот ростер за натпреварите со Луксембург и Турција.

Advertisements

Во репрезентацијата се враќаат вардарците Филип Талески и Гоце Георгиевски, меѓутоа одново го нема Дејан Манасков.

На поширокиот список имаше место и за интернационалците на крилните позиции, Димитар Димитриоски и Мартин Поповски, додека во тимот преовладуваат ракометари од домашното првенство. Во рамките на априлската ЕХФ недела, Македонија на 26 април ќе гостува на селекцијата на Луксембург, додека на 30 април во Скопје доаѓа репрезентацијата на Турција.

На претходниот собир Македонија двапати загуби од Португалија, па дуелот со Турција ќе биде клучен во битката за второто место кое води директно на континенталниот собир.

Прикажи повеќе