Синоќа на легендарната „Маракана“, Флуминенсе го декласираше Фламенго со 4-1 во реваншот од финалето на шампионатот на Рио Де Жанеиро и вторпат по ред го освои натпреварувањето. Сепак, натпреварот го одбележа „отпишаниот“ Марсело, кој постигна фантастичен гол и на сите им покажа дека уште не е подготвен за пензија.

Advertisements

Фламенго го доби првиот натпревар со 2-0 и се чинеше дека може да оди до крај и да ја освои титулата, но Флуминензе синоќа одигра неверојатен натпревар и го задржа трофејот во своите витрини. Флуминензе без проблеми успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар, а по првото полувреме домашните веќе водеа со 2:0. Тимот на Флуминензе поведе во 30. минута, а на сцена стапи искусниот Марсело, кому ова му беше втор натпревар во дресот на Флуминензе откако минатиот месец по 17 години минати во Европа се врати во клубот.

Марсело имаше очајна авантура во грчки Олимпијакос, но синоќа во 30. минута, „Маракана“ ја виде магијата на искусниот лев бек. Марсело мајсторски погоди од работ на шеснаесетникот погоди за 1-0: Левиот бек помина 83 минути на теренот и покажа дека сите прерано го отпишале./Gol.mk/

Прикажи повеќе