На азиските берзи денеска цените на акциите благо пораснаа, но тргувањето е претпазливо бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки, додека економскиот раст забавува.
Индексот МСЦИ на азиско-пацифичкиот регион, со исклучок на Јапонија, околу 7 часот беше повисок за 0,2 отсто.
Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,4 и 0,6 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,2 отсто.
Берзите се претпазливи бидејќи растот на најголемите светски економии е забавен, а централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.
И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 104,25 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,45 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 135,60 на 135,10 јени.
Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0680 долари, додека вчера беше 1,0645 долари.