Белгискиот регулатор за нуклеарна енергија (FANC) ја советуваше владата да не го продолжува животниот век на трите најстари нуклеарни реактори, предлагајќи наместо тоа да се обезбеди снабдување преку промени во планот за поновите реактори.
Продолжувањето на работниот век на трите најстари реактори, Doel 1 и 2 и Tihange 1, би претставувало безбедносен проблем и за нив би било потребно повеќе нуклеарно гориво и промена на нуклеарната регулаторна рамка, предупреди FANC.
Дополнителен проблем е што оваа опција би била спротивна на желбите на нуклеарниот оператор Електрабел, филијала на француската компанија Енџи. се додава во соопштението.
Оттаму препорачаа алтернативна можност за продолжување на работниот век на двата понови реактори, Доел 4 и Тиханге 3, за што нема да биде потребен прекин на нивната работа заради надградба на безбедносната опрема. Опремата ќе биде надградена нешто подоцна за да исполни построги безбедносни критериуми во иднина, додаваат тие, пренесува Хина.
Портпаролот на Министерството за енергетика одби директно да одговори на прашањето дали владата дефинитивно ќе се откаже од планот за продолжување на работниот век на трите најстари реактори, но рече дека го добила мислењето и дека ќе го земе предвид.