Јувентус го позајми Леандро Паредес (28) од ПСЖ во текот на летниот преоден рок. Во договорот постои клаузула според која Јувентус може да го откупи Паредес по завршувањето на сезоната за 22 милиони евра. Новинарот, Фабрицио Романо, тврди дека Јувентус не планира да го купи актуелниот светски шампион со Аргентина.
Паредес оваа сезона играше 22 пати за Јувентус, а во Серија А одигра 568 минути.
Тој не е стандарден во тактичките идеи на тренерот Масимилијано Алегри, па на крајот од сезоната ќе се врати во ПСЖ. Проблем за Паредес е што ниту во ПСЖ не сметаат на него.
Паредес во својата кариера настапуваше за Бока Јуниорс, Киево, Рома, Емполи, Зенит и ПСЖ, а според „Трансфермаркт“, вреди 15 милиони евра. За Аргентина постигна четири гола на 51 натпревар.