Некои тоа го прават од навика, а некои се случуваат случајно, но дали некогаш сте се запрашале што се случува во телото кога голтате гума за џвакање?

Сите се сеќаваме како деца бевме предупредувани да не голтаме гума за џвакање. Најпознатиот мит што постои е дека гумата за џвакање може да остане во телото седум години или дека едноставно ќе се залепи за цревата.

Но, еве што всушност се случува и дали е штетно!

Киселината на желудникот е одговорна за разградување на храната. Сепак, киселината не ја разградува гума за џвакање, што значи дека таа само поминува низ неа во природна состојба и патува сè до дигестивниот тракт. Потоа оди до тенкото црево кое е долго околу седум метри и го продолжува своето патување до дебелото (метар и пол), каде што храната всушност се претвора во столица и каде ќе заврши самата гума за џвакање, пренесува Мондо.

Што значи дека нема за што да се грижите, дефинитивно во одреден момент ќе го исфрлите од вашето тело.

Проблеми може да настанат ако голтнете голема количина гума за џвакање одеднаш бидејќи тоа може да доведе до блокирање на цревата. Секако, дури и ако случајно проголтате гума за џвакање, не паничете, но обидете се да не ви стане навика…