Хари Стајлс го има најпродаваниот сингл во светот во 2022 година. Британскиот пејач и актер (29) е прогласен за добитник на IFPI Global Single Award за 2022 година за неговиот хит As It Was.
Неговата песна беше најпродаваниот сингл минатата година во сите дигитални формати, вклучувајќи платен и стриминг поддржан од реклами, како и бројот на преземања на сингл, според IFPI.
Водечкиот сингл од третиот албум на Стајлс, „Harry’s House“ се најде на врвот на топ листите ширум светот и стана најдолготрајниот број 1 на британски изведувач во Америка досега, поминувајќи 15 недели на првото место. Тоа беше, исто така, третото најдолго бр. 1 во историјата на Billboard Hot 100.
Пред 10 години, Хари освои IFPI награда со бендот One Direction, кој беше на врвот на првата глобална табела за изведувачи на IFPI, а исто така и на глобалната табела за албуми на IFPI во 2013 година.
Топ 20 најпродавани синглови во 2022 година:
1. Harry Styles – As It Was
2. Glass Animals – Heat Waves
3. The Kid LAROI & Justin Bieber – STAY
4. Elton John & Dua Lipa – Cold Heart (PNAU Remix)
5. The Weeknd – Save Your Tears
6. Imagine Dragons & JID – Enemy
7. Ed Sheeran – Shivers
8. GAYLE – abcdefu
9. Bad Bunny & Chencho Corleone – Me Porto Bonito
10. Ed Sheeran – Bad Habits
11. Bad Bunny – Tití Me Preguntó
12. Dua Lipa – Levitating (ft. DaBaby)
13. Adele – Easy On Me
14. The Weeknd – Blinding Lights
15. Lil Nas X & Jack Harlow – INDUSTRY BABY
16. Kate Bush, Running Up That Hill (A Deal With God)
17. Encanto Cast – We Don’t Talk About Bruno
18. Farruko – Pepas
19. Jack Harlow – First Class
20. Karol G – PROVENZA