Актерката Деми Мур (64) и нејзиниот поранешен сопруг Ештон Кучер (48) со години беа еден од најпознатите холивудски парови. Иако во јавноста изгледаа среќни, нивниот брак беше одбележан со бројни проблеми.
Во својата автобиографија, „I side Out“, Мур отворено зборуваше за губењето дете, борбата со зависноста, неверството и обидите да ја спаси врската со актерот – кој е 16 години помлад од неа. Странските медиуми во моментов повторно се осврнуваат на делови од автобиографијата, која првично беше објавена во 2019 година.
Деми Мур и Ештон Кучер се запознаа во 2003 година. Дотогаш, актерката веќе имаше зад себе два брака – со музичарот Фреди Мур и со актерот Брус Вилис, со кого има три ќерки.
Уште од самиот почеток, нивната врска привлекуваше внимание поради значителната разлика во годините. Сепак, Мур подоцна призна дека разликата во годините не претставувала никаква пречка и дека таа многу брзо се вљубила.
Во својата автобиографија, таа опиша колку била маѓепсана од Кучер. Напиша дека се чувствувала како вљубена тинејџерка и сакала да поминува што е можно повеќе време со него. Парот стапи во брак во 2005 година, а Кучер изгради близок однос со нејзините ќерки од бракот со Вилис.
Еден од најтешките моменти во нивниот брак се случи кога Мур го загуби бебето во шестиот месец од бременоста. Подоцна призна дека долго време се обвинувала себеси за таа загуба.
Таа веруваше дека нејзините навики од минатото – вклучително и консумирањето алкохол и пушењето – можеби придонеле за губењето на бременоста. Потоа, таа повторно се обиде да забремени, вклучително и преку постапки за потпомогнато оплодување, но без успех.
Следуваше тежок период, во текот на кој таа повторно почна да се соочува со проблеми со алкохолот, а разви и зависност од лекови против болки.
Во својата автобиографија, Мур откри дека за време на бракот се согласувала на сексуални средби во кои била вклучена и трета личност, бидејќи сакала да му угоди на својот сопруг.
Подоцна призна дека поради овие одлуки се чувствувала лошо. Смета дека со тоа што се согласувала на такви средби, се обидувала да покаже дека е отворена за експериментирање и дека разликата во нивните години не претставува проблем.
Според неа, Качер подоцна го искористил фактот што вклучувале други луѓе во нивниот сексуален живот како оправдување за сопствените неверства. Таа дознала за неверството на денот на нивната годишнина од бракот.Еден од најекспонираните скандали во нивниот брак изби во 2011 година, по обвинувањата дека Качер ја изневерил Мур со тогаш 21-годишната Сара Лил.
Според актерката, неверството се случило на денот на нивната шеста годишнина од бракот.
Во својата автобиографија, Мур раскажува дека Качер ѝ признал што се случило за време на еден телефонски разговор. Веста ја погодила толку силно што таа бурно реагирала и го прекинала разговорот.
Нивната врска никогаш повеќе не се опоравила по тоа. Во ноември 2011 година, Мур ја објави нивната разделба, а разводот беше официјално финализиран во 2013 година.
По разводот, таа побара помош.
Распадот на бракот дополнително ги влошил нејзините проблеми со зависноста. Мур исто така зборуваше за тоа како нејзините тешкотии влијаеле врз односот со нејзините ќерки, кои, одреден период, се дистанцирале од неа.
На крајот, актерката одлучила да побара помош и да се посвети на своето закрепнување. Следувал долг период на терапија и работа на себе, во текот на кој таа се трудела да ги поправи нарушените семејни односи.

















