Претседателката на Молдавија, Маја Санду соопшти дека во текот на вчерашната средба во Варшава го повикала американскиот претседател Џозеф Бајден да ја посети нејзината земја.
„Ја искористив можноста која ми ја даде собирот во Варшава да му соопштам на претседателот Бајден дека во сегашната сложена ситуација, кога беснее војната на границата со Молдавија, ни е потребна уште поголема поддршка од САД“, напиша Санду на Фејсбук.
Претседателката на Молдавија додаде дека го повикала американскиот претседател да ја посети Молдавија, но не кажа како Бајден и одговорил, пренесуваат светските агенции.
Санду, според нејзините зборови, му соопштила на Бајден и дека граѓаните на Молдавија сакаат да продолжат да бидат дел од „слободниот свет“, да живеат безбедно и „да го остварат својот сон“ со влез во ЕУ.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера го укина декретот од 2012 година, кој делумно го поддржувал суверенитетот на Молдавија во одлучувањето на иднината на Придњестровје, сепаратистички регион што се граничи со Украина, и во кој Русија ги стационирала војници.