Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска ја почнува дводневната посета на Косово, по повод одбележувањето на 15-годишнината од неговата независност.

Advertisements

Со сите државни почести тој ќе биде пречекан од косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу, по што следува средба на двајцата претседатели. Доцна попладне тој ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, а во 18 часот ќе присуствува на свечениот концерт во косовската филхармонија.

Утре претпладне ќе положи венци на почивалиштето на првиот косовски претседател Ибрахим Ругова, Адем Демачи, како и на заедничкиот меморијален споменик „Адем Јашари“ во Преказ.

Планирано е негово обраќање на свечената седница на косовскиот парламент а ќе учествува и на државниот прием по повод независноста.

Ова е втора посета на Бегај на Косово. Во средината на септември беше во прва официјална посета на Косово, што беше негова права посета на една држава, како претседател на Албанија, по преземањето на функцијата на 24 јули минатата година.

Прикажи повеќе