Постојаната претставничка на Малта во Советот за безбедност на Обединетите нации, Ванеса Фрејзер, земјата која во моментов претседава со ова тело на ОН, денеака изјави дека Русија побарала седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина да се одржи на 8 февруари.

Првиот заменик претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Полјански, појасни дека средбата ќе биде посветена на перспективите за мирно решавање на украинската криза во контекст на зголемувањето на испораките на западно оружје за режимот во Киев, пренесуваат руските медиуми.

-Нема да ја пропуштиме годишнината од потпишувањето на „Минските договори“, додаде рускиот дипломат.

Покрај тоа Пољански навести дека „режимот во Киев и неговите западни спонзори“ во февруари ќе организираат настан на Генералното собрание на ОН по повод првата годишнина од специјалната воена операција.

Заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, во меѓувреме ги повика сите страни кои имаат влијание врз Москва и Киев да ги охрабрат да ги прекинат непријателствата.

Прикажи повеќе