Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, во кој загинаа шест лица, а уште 12 беа повредени.

„Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова злосторство“, напиша Туск на Икс.

Според Ројтерс, полскиот премиер отпатувал во Краков, а претходно соопштил дека редовно добива информации од министерот за внатрешни работи за истрагата.

Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш изјави дека надлежните служби интензивно работат на случајот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.