Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш се наоѓа во притвор во Барселона поради сексуален напад врз девојка кон крајот на минатата година. Судот одлучи да го задржи Алвеш во притвор, без можност за кауција, а откако го слушна неговото и сведочењето на наводната жртва.
Сепак, екс-фудбалерот на Барселона, кој доби отказ од сегашниот клуб Пумас, се соочува со сериозна казна – затвор од 4 до 12 години. Алвеш беше приведен на 20 јануари, откако доброволно отиде во полициска станица да сведочи за случајот./Makfax/