Холандскиот напаѓач Вaут Вегорст наскоро би требало да биде промовиран во ново засилување на Манчестер Јунајтед. Фудбалерот на Бешикташ треба да пристигне на „Олд Трафорд“ на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп на договорот.

Advertisements

На овој начин Вегорст ќе се врати во Премиер – лигата каде имаше неславен период во дресот на Барнли пред овој клуб да испадне во Чемпионшип минатата година.

Потоа летово се пресели во Бешикташ каде на 17 натпревари во сите натпреварувања постигна девет гола и забележа четири асистенции, со што повторно се најде на радарот на најпознатите европски клубови. Помогна и Светското првенство каде беше солиден постигнувајќи гол против Аргентина.

Дека преговорите завршуваат и дека неговиот трансфер во Јунајтед е извесен, покажа и неговото славје синоќа против Касимпаша кога постигна гол во триумфот од 2-1.

Прикажи повеќе