Британските железници во вторникот ја започнаа новата година со еднонеделен штрајк, попречувајќи го враќањето на работа за милиони патници. Британија е во канџите на најлошата серија на работнички протести откако Маргарет Тачер беше на власт во 1980-тите, бидејќи зголемената инфлација дојде по повеќе од 10 години стагнација на растот на платите, оставајќи многу работници неспособни да врзат крај со крај.

Advertisements

Повторените железнички штрајкови ја осакатија мрежата во последниве месеци, додека медицинските сестри, аеродромскиот персонал, болничарите и поштенските работници, исто така, се приклучија на штрајковите, барајќи повисоки плати за да се одржи чекор со инфлацијата која во ноември достигна 10,7 насто и е највисока во изминативе 40 години. Владата рече дека не може да си дозволи да им даде на вработените во јавниот сектор пораст според инфлацијата, што значи дека нема крај на она што беше наречено нова „зима на незадоволство“. Владата ги повика шефовите на синдикатот да се вратат на преговарачката маса, свесни дека штрајковите носат голем данок врз бизнисите.

Прикажи повеќе