Компанијата „Рокстар гејмс“ објави нов трејлер за долгоочекуваната видеоигра ГТА 6, која треба да излезе на 19 ноември.
Трејлерот трае минута и половина и открива нови детали за главните ликови, Џејсон и Лусија, како и за отворениот свет на играта.
Во фокусот е проблематичното минато на Џејсон, кој открива дека ја напуштил војската во лоши односи. Прикажани се и сцени со Лусија, која носи електронска алка за следење, како и бројни акциони секвенци.
Новиот трејлер се фокусира на атмосферата, приказната и филмските сцени.Рокстар потврди дека прикажаниот материјал е снимен на PlayStatio 5.
Играта ќе биде достапна за PlayStatio 5 и Xbox Se ies X/S на 19 ноември 2026 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

















