Властите во главниот град на Украина, Киев, рано наутро ги повикаа жителите во засолништа, ден по еден од најголемите руски воздушни напади од почетокот на војната во февруари, а според гувернерот на регионот Киев, напад со беспилотно летало е во тек. Предупредувањето до граѓаните градските власти во Киев го соопштија нешто по два часот преку нивниот канал на апликацијата Телеграм додека низ градот одекнуваа сирени.

Advertisements

Гувернерот на Киевската област Олексиј Кулеба на Телеграм изјави дека е во тек напад со беспилотно летало. Сведок за Ројтерс изјави дека слушнал неколку експлозии и ехо од противвоздушен оган на 20 километри јужно од Киев.

Русија вчера истрела десетици проектили кон Украина, погодувајќи ги Киев, Лавов и Одеса на запад и други градови низ земјата, во еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната.

Прикажи повеќе