Мировната мисија на НАТО на Косово КФОР денеска објави дека го истражува инцидентот во Зубин Поток во кој учествуваа непознати вооружени лица и ги повика сите актери да избегнуваат реторика и потези кои можат да ја влошат ситуацијата. Во врска со синоќешното пукање во непосредна близина на патролата на КФОР, таа мисија наведе дека нема повредени или материјална штета и додаде дека „се работи на утврдување на сите факти“. „Планирани се средби на сите страни и важно е сите инволвирани да избегнуваат каква било реторика или потези кои би можеле да предизвикаат тензии и да ја ескалираат ситуацијата. Очекуваме сите актери да се воздржат од провокативни демонстрации на сила и да го бараат најдоброто решение за да се осигура безбедноста на сите заедници“, се наведува во соопштението на КФОР.

Advertisements

Прикажи повеќе