Откако противпожарно возило удрило во нивниот авион, еден пар решил веднаш да направи селфи.
Несреќата се случи минатиот петок на меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, Перу. Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на лице место загинале двајца пожарникари. Патниците и членовите на екипажот не се повредени.
A fire truck entered the runway and collided with the LATAM A320 NEO that was taking off at Jorge Chavez airport in Lima, Peru#Peru pic.twitter.com/OYZia5W45V
— CNW (@ConflictsW) November 18, 2022
„Кога животот ти дава втора шанса“
Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљози, ја сподели објавата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса“, а фотографијата набрзо стана вирална на социјалните мрежи.
Луѓето почнаа да коментираат на фотографијата, а еден корисник на Фејсбук напиша: „Ова можеше да биде огромна трагедија. Секој што бил во авионот може да се смета за среќен“.
Cuando la vida te da una segunda oportunidad #latam pic.twitter.com/Vd98Zu98Uo
— Enrique Varsi-Rospigliosi (@enriquevarsi) November 18, 2022
Бурни реакции
Некои корисници на Твитер коментираа дека е апсурдно да се „сними“ селфи веднаш по несреќата, а еден корисник на Твитер напиша: „Сега го видов сето тоа. Селфи после несреќа. Крај на интернетот“.
„Трагедија = селфи“, „Авионот се урна… чекајте да направам селфи“, се само дел од коментарите.
I’ve seen it all now.
Crash selfie.
End of the Internet
— Saul R (@saulrichman) November 18, 2022