Иран ја осуди последната резолуција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и се закани дека ќе преземе контрамерки.

Advertisements

– Овој чекор на МААЕ не беше конструктивен и затоа ќе преземеме соодветни контрамерки, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан без да каже други детали.

Управниот одбор на МААЕ во четвртокот го обвини Техеран за недоволна транспарентност во однос на иранската нуклеарна програма и индиректно се закани дека ќе го свика Советот за безбедност на ОН. Резолуцијата за ова беше усвоена во Виена.

Амирабдолахиан рече дека резолуцијата е политички мотивирана и оти е создадена под притисок на САД.

Прикажи повеќе