Бојан Христовски, директор на ЈП Градски Паркинг и Јане Мицевски дректор на депонијата „Дрисла“ поднесоа оставки од функцијата. Двајцата се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, а како што велат во изминатите месеци немале никаква соработка со градоначалничката Данела Арсовска. Ова доаѓа по разрешувањето на в.д директорот на „Водовод“ Златко Перински, кој е поранешен шеф на кабинетот на Мицкоски. Како што изјави вчера Арсовска постои сомнеж за влијание врз тендер за пречистителна станица.

Како што наведуваат во нивните фејсбук статуси си заминуваат од функциите оти градоначалничката Данела Арсовска била незаинтересирана за Град Скопје, не била достапна за нив, не можеле да реализираат многу проекти и таа повеќе се бавела со хајки и пресметки отколку со Градот.