Прв случај на мајмунски сипаници се појави и во Русија. Заразен е млад маж кој се вратил во земјата од западноевропските земји, пишува РИА новости.

Advertisements

„Момчето се јавило во надлежните здравствени установи со карактеристичен осип. Се работи за момче кое се вратило од пат во Европа“ се наведува во соопштението.

Тој бил со благи симптоми и неговиот живот не е загрозен.

„Се наоѓа во изолација на инфективна клиника“ се додава во соопштението.

Прикажи повеќе