По објавените информации во медиумите, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина оствари комуникација со официјални претставници на надлежните институции на грчкиот остров Миконос, од каде е добиена информација за тројца уапсени државјани на Северна Македонија (О.П, Г.П и Н.Т), осомничени за трговија со дрога.

Амбасадата останува во контакт со официјалните инситуции од каде се очекува наскоро да се добие и официјална писмена потврда за деталите од овој настан.