Тапанарот на американската рок група ZZ Top, Френк Берд, почина на 77-годишна возраст, објави бендот.

Во соопштението се наведува дека Берд починал за време на палијативен третман на неговиот ранч во Ричмонд, Тексас, опкружен со членови на семејството, објави Ројтерс.

Причината за смртта не е објавена.

„Неговиот препознатлив ритам беше клучен за ZZ Top да остане на врвот. Бендот, чиј член беше шест децении, ќе продолжи да работи, токму како што сакаше“, се наведува во соопштението.

Бендот соопшти дека ќе го откаже настапот во Солт Лејк Сити закажан за вторник и настапот во Колорадо Спрингс закажан за среда, но ќе одржи концерт во Остин, Тексас овој викенд.

56 години, Берд беше тапанар на бендот познат по хитови како „Sharp Dressed Man“ и „Legs“.

Триото составено од Берд, гитаристот Били Гибонс и басистот Дасти Хил беше една од најдолготрајните постави во историјата на музиката.

Тие за прв пат свиреа заедно во 1970 година и продолжија до смртта на Хил во 2021 година, кога Елвуд Франсис се придружи на групата.

ZZ Top стекна обожаватели во текот на осумдесеттите години како еден од бендовите чии песни често се емитуваа на MTV за време на златниот период на музичките видеа.

Бендот беше примен во Рокенрол куќата на славните во 2004 година.

Текстот Почина легендарниот тапанар на ZZ Top: одбележа шест децении од бендот е превземен од МАКФАКС.