Околу 3000 натпреварувачи од сите земји во светот аплицираа, 45 филмови беа избрани, како дел од 12-тото издание на филмскиот фестивал ТИФФ ОДА. За разлика од претходните години оваа година по секоја проекција на филмот, ќе се организира отворена дебата, при што актерите и режисерот ќе можат директно да комуницираат со јавноста. Поради скратениот буџет, годинава филмскиот фестивал ТИФФ ОДА, нема да таре седум дена, туку само четири.

„Вкупно 43 филмови ќе се натпреваруваат, како во балканска конкуренција, така и во конкуренција на краткометражни филмови. Оваа година имаме промена на локацијата, така што фестивалот нема да се одржи во Центарот за култура, туку на отворен простор во паркот на Ректоратот на УТ, така што ќе донесеме добра и убава средина за јавноста“, изјави Берат Хасани Директор на фестивалот ТИФФ ОДА. /Алсат.мк

Прикажи повеќе