Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, изјави дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, следната недела за да отвори ново поглавје во односите, откакона изборите го победи својот претходник, наклонет кон Москва, Виктор Орбан.

За време на посетата на Берлин, Маѓар рече дека е подготвен да се сретне со Зеленски ако техничките разговори за правата на унгарското малцинство во соседна Украина бидат завршени оваа недела и дека е оптимист за решавање на проблемот.

Потоплите односи меѓу Унгарија и Украина се клучни за поддршката на Европската Унија за Киев во војната во Украина, бидејќи Орбан се спротивстави на испраќањето милијарди евра помош за Украина и нејзиното членство во ЕУ.

„Досега, преговорите напредуваат многу охрабрувачки и се надеваме дека тие би можеле да бидат завршени на техничко ниво веќе оваа недела“, рече Маѓар за правата на малцинствата, зборувајќи заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„И тука во Берлин можам да повторам дека сум подготвен да се сретнам со украинскиот претседател Володимир Зеленски некаде на почетокот на следната недела, под услов всушност да постигнеме договор за овие фундаментални човекови права“, додаде тој.

Откако ја презеде функцијата по изборите во април, Маѓар обезбеди договор за деблокирање на 16,4 милијарди евра од фондовите на ЕУ за кохезија и закрепнување што беа замрзнати под Орбан, ветувајќи дека ќе продолжи со антикорупциските реформи.

 

фото/ЕПА

Текстот Маѓар: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски, отвораме ново поглавје во односите е превземен од МАКФАКС.