Министерството за здравство информира дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем, велат од оваа институција за акцијата на МВР.
Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди, додаваат од таму, ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи.
– Безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствените услуги се наш врвен приоритет. Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа. Апелираме доследно да ги почитуваат професионалните и етичките норми. Апел до граѓаните е да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита. Истовремено, потсетуваме на начелото за презумпција на невиност“, порачува министерот за здравство, Азир Алиу.
Текстот Алиу за акцијата на МВР: Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа е превземен од МАКФАКС.























