МВР соопшти детали за несреќа што утрово се случи на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при што едно лице го загубило животот, а тројца се повредени.

Според информациите, настанот бил пријавен во 08:17 часот, кога при ископ на темели работниците биле затрупани со земја.

Тројца работници биле извлечени и со возило на Итна медицинска помош пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник бил пронајден без знаци на живот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Еден работник загина, тројца се повредени при затрупување на градилиштето во Кисела Вода, МВР со детали е превземен од МАКФАКС.