Во општина Бутел денеска се спроведуваат засилени инспекциски и сообраќајни контроли во координација со инспекциските служби на Град Скопје и со Министерството за внатрешни работи, соопшти Општината.
Под инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постои сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Инспекторите ја проверуваат градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, како и дозволите за поставување и користење тераси.
Паралелно се спроведуваат и сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за возила непрописно паркирани на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини.
Од Општина Бутел најавија дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.














