Фудбалерите на Струга Трим Љум се во одлична серија без пораз во домашниот шампионат, но во последното одиграно коло неочекувано освоија само бод на гостувањето кај Скопје. Затоа денес избраниците на Шпетим Дуро немаат друга опција освен триумф на средбата со Победа.

Advertisements

Во Струга гостува „фенерџијата“, но и покрај тоа Фатјон Јусуфи најави дека нема лесни противници и против Победа влегуваат максимално подготвени.

„Минатонеделниот натпревар со Скопје е уште еден пример дека нема лесни противници и тоа се докажува од коло во коло. Ние како Струга Трим Љум ги респектираме сите наши ривали, без разлика каде тие се наоѓаат на табелата. Нема да биде лесно со Победа, цела недела се подготвуваме за овој дуел. Знаеме што треба да правиме, се знаат нашите амбиции, јасно е дека одиме по трите бода. Треба да бидеме во вистинско издание ако сакаме да дојдеме до бодовите“ вели Јусуфи.

Струга Трим Љyм и натаму е лидер на табелата во ПМФЛ со 50 бода, пет повеќе од шампионот Шкупи.

Прикажи повеќе