Шест лица затруени од протекување гас во градинка во Германија

Шест лица, меѓу кои и две деца, се труеле со јаглерод моноксид во градинка во Ебелсбах, град во Германија, кога дошло до истекување на гас во котларницата, пренесува МИА.

Несреќата се случила вчера, првиот работен ден по празниците, кога и официјално почнале со работа градинките, пишува Телеграф.

Како што се наведува, гасот истекол од котларницата, а првите мерења покажале дека не се работи за природен гас, пренесува Билд.

Сите вработени и 66 деца го напуштиле објектот и заминале во блиската теретана.

Вакви несреќи често пати им се случуваат на оние кои се греат на пелети доколку складираната суровина е недоволно исушена и затоа испушта гасови поради нејзиното загревање.

Во текот на вчерашниот ден две наставнички се пожалиле на мачнина и вртоглавица, а според првите мерења емисијата на гасови била „фатална“.