Шаленберг: Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година

Австриската влада си постави за цел целосно да го суспендира купувањето на руски гас до 2027 година, соопшти денеска министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

„Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година“, рече Шаленберг на заедничката конференција со неговиот американски колега Ентони Блинкен.

Австрискиот министер за заштита на животната средина, енергија, иновации и технологија Леонор Гевеслер изјави дека Виена мора да подготви начини за излез од договорот за снабдување со руски гас што беше склучен во рамките на концернот ОМВ