Најдобриот стрелец на Шкупи, Сандеј Адетунџи, направи вистинска забуна откако на Инстаграм објави благодарност за тимот и за минатата сезона. Тоа фудбалерите го прават кога се збогуваат и заминуваат во друга средина, но, сепак, Адетунџи има уште една година од договорот и треба да остане на Чаир.

„Нема вистина во веста дека Адетунџи заминува од Шкупи. Неговата објава на Инстаграм е едноставно за да се заблагодари за добрата сезона што ја мина со клубот. Договорот на Адетунџи истекува за една година, дотогаш тој останува верен на клубот и ќе продолжи да бидеш наш играч“, изјави генералниот менаџер на Шкупи, Емир Шабани.

Шкупи се подготвува за настап на европската сцена и ги очекува ривалите против кои ќе се бори оваа сезона за што е можно подолг престој во меѓународни рамки.

Прикажи повеќе