Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски кажано, голема или магарешка кашлица.

Надлежните сепак велат оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот немаме смртни случаи.

Прикажи повеќе