
Барселона втор меч едноподруго одигра 0:0, откако по понеделничкото 0:0 со Џирона, овојпат на гостувањето кај Хетафе одиграа само 0:0, по што го обвинија домаќинот дека користи „трикови“ за да ја спречи нивната игра.
„Тука страдате поради тоа што тревата е висока, тоа се вообичаените трикови од Хетафе. Секогаш теренот е сув и тежок, но требаше да ги искористиме шансите“, вели голманот Марк-Андре Тер Штеген.
Тренерот Чави Ернандез се согласува.
„Тоа не е изговор, не бевме прецизни, не ги искористивме своите шанси. Но, да, тревата ни пречеше, топката не одеше бргу“, вели Чави.