Унгарскиот лидер на екстремната десница повика на заземање на украинската област Закарпатија доколку Русија победи во војната

Русија уште пред целосната воена инвазија, ја предложи идејата за „поделена Украина“ меѓу Русија и Западот.

Рускиот претседател Владимир Путин и другите високи руски функционери собрани околу него, повторно го запалија овој наратив во декември 2023 година, тврдејќи дека Украина има историски „територијални спорови“ со Полска, Романија и Унгарија, но може да го задржи својот „суверенитет“ само доколку целата земја биде оставена во границите на регионот Лвив.

Како резултат на ова, унгарската екстремно десничарска партија „Наша татковина“ го објави своето право на украинската област Закарпатија доколку Украина ја загуби војната преку изјавата од 27 јануари лидерот на партијата Ласло Торочкаи.

Коментарите на Тороцкаи за предложениот план за барање украинска територија дојдоа на партиска конференција во Будимпешта, на која присуствуваа и претставници на други крајнодесничарски партии од Европа, вклучително и Алтернатива за Германија (AfD) и Холандскиот форум за демократија.

„Ако оваа војна заврши со губење на државноста на Украина, бидејќи тоа е исто така на картата, тогаш како единствена унгарска страна што ја зазема оваа позиција, дозволете ми да сигнализирам дека ние имаме право на (Областа Закарпатија)“, рече Тороцкаи.

Унгарското Министерство за надворешни работи не одговори на барањата за коментар за изјавите на Тороцкаи, објави Ројтерс.

Веста дојде пред средбата меѓу министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, која се одржа на 29 јануари во градот Ужхород во областа Закарпатија.

Во пресрет на посетата на Сијарто, унгарскиот весник Маѓар Немзет, кој се смета дека е тесно поврзан со унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави напис во кој ја осудува состојбата на слободата на печатот во Украина. Исто така, ги критикуваше директивите на украинските медиуми за новинарите да го користат официјалниот украински правопис на имињата на градовите наместо руската верзија.

Драган Мишев

Целиот текст прочитајте го ТУКА