Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили го ослободиле стратешки важното село Клишчивка, јужно од Бахмут, на источниот фронт.

„Денеска сакам особено да ги пофалам војниците кои чекор по чекор го враќаат во Украина она што ѝ припаѓа, поточно во областа Бахмут“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар сподели видео од украинските сили кои креваат знамиња, вклучително и сино-жолтото национално знаме, додека во позадина одекнуваат истрели.

„Русија сè уште се обидуваше да ги врати загубените позиции и покрај ослободувањето на Клишчивка“, објави таа на Телеграм.

Прикажи повеќе