Во ракетен напад загинаа најмалку 39 лица на железничка станица Караматорск во источна Украина, а повеќе од 100 луѓе се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија го уништува украинскиот народ, бидејќи нема ниту храброст ниту сила да се соочи со украинската армија на бојното поле.

„Руската армија го погоди железничкиот терминал во градот Краматорск. Луѓето се собраа, чекајќи ги возовите за да бидат евакуирани на безбедна територија. Ги погодија. Има сведоци. Има видеа, има остатоци од ракети и мртви луѓе, околу 30 загинати и 300 ранети во моментот токму таму. Повторно, ова е само железнички терминал, обичен град во источна Украина. Ова е 44-ти ден од нашата реалност“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Русија, од друга страна, ја отфрли одговорноста за нападот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата користена во нападот и припаѓа на украинската армија.

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел остро го осуди нападот. „Ужасно е да се види како Русија удира на една од главните станици за евакуација на цивили. Ова е уште еден обид да се блокираат патиштата за евакуација на оние кои сакаат да ја напуштат оваа неоправдана војна која предизвикува толку многу страдања. Борел и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен отпатуваа за Киев на средба со украинскиот претседател Зеленски.

Украина тврди дека руските сили извршиле погрозоморни злосторства и во друг град во близина на Киев, во споредба со она што се случи во Буча, поради што Русија беше исклученаод Обединетите нации за човекови права. Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русите при нивното повлекување од Киев убиле стотици цивили во Бородјанка.

„Таму е многу полошо. Уште повеќе жртви на руските напаѓачи. И што ќе се случи кога светот ќе ја дознае целата вистина за она што го направи руската армија во Мариупол? Таму, речиси на секоја улица, е она што светот го виде во Буча и другите градови во регионот на Киев по повлекувањето на руските трупи. Истата суровост. Истите ужасни злосторства“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека повеќе од 4,3 милиони – од кои половината деца – ја напуштиле Украина откако Русија ја нападна и ја предизвика најтешката бегалска криза во Европа од Втората светска војна.

Шкелзен Аќифи