Во пресрет на драфот, три НБА франшизи си разменија кошаркари. Главни ѕвезди во овој трејд се Кристапс Прозингис и Маркус Смарт. Летонецот Прозингс го напушти Вашингтон, кариерата ќе ја продолжи во Бостон Селтикс. За Прозингис од Бостон, Вашингтон ги добија Данило Галинари и Мајк Мускала и 35. пик од годинешниот драфт. Вашингтон во овој трејд од Мемфис го добија Тајус Џонс.

Како дел од трејдот, Бостон во Мемфис го испратија најдобриот дефанзивец од пред две сезони, Маркус Смарт. Бостон од Мемфис го доби 25.пик од годинешниот драфт и пик од првата рунда од драфтот што ќе се одржи наредната година. Порзингис следната сезона ќе заработи 36 милиони.

Инаку, овој блокбастер трејд претрпе измени во последен момент. Првично покрај Бостон и Вашингтон во размената требаа да учествуваат ЛА Клиперси. Според тој план Клиперси од Бостон требаа да го добијат Маклом Бронгдон.

Сепак франшизата од ЛА реши да се повлече, а Бостон во последен момент успеа да се договори со Мемфис, за да може да биде реализиран целиот трејд.

Прикажи повеќе