Судот на ЕУ ги потврди санкциите против Роман Абрамович

Судот на Европската унија денеска ги потврди санкциите за рускиот милијардер Роман Абрамович, кои му се воведени по нападот на Русија врз Украина.

ЕУ по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година воведе санкции за многу руски функционери и бизнисмени, вклучително и Абрамович, и ги замрзна руските средства во вредност од стотици милијарди долари.

„Општиот суд ја отфрла тужбата на Абрамович така што ги потврдува рестриктивните мерки преземени против него“, наведе највисокиот суд на ЕУ во својата одлука.

Абрамович, кој исто така има израелско државјанство и е поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Челзи од Лондон, стана еден од најмоќните бизнисмени во светот по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. „Форбс“ проценува дека неговиот имот е во вредност од 9,2 милијарди долари.