Група студенти на Францисканскиот универзитет во Стубенвил, Охајо, се откажале од мобилните телефони на една година и освоиле стипендија во износ од 5.000 долари.

– Имаше многу поголемо влијание врз мене отколку што мислев – изјавила Грејс Полок, една од студентите што се откажале од телефоните за стипендија.

Полок забележала дека подобро можела да се фокусира и била попродуктивна, како и дека поминувала повеќе слободно време во активности надвор и читајќи.

Вкупно 30 студенти ја добиле стипендијата. На повикот се пријавиле речиси 170 студенти, но сите не биле примени во програмата. Околу 50 студенти што не биле примени во програмата, исто така, се откажале од телефоните и се состанувале месечно заедно со учесниците во програмата за да ги споделат своите искуства.

Иницијативата била започната од поранешни студенти на универзитетот. Целта на стипендијата е да им се помогне на студентите да станат независни од своите телефони и да се вклучат во реалноста добивајќи контрола над својот дигитален свет.

Извор: Moj faks

Прикажи повеќе